мај 19, 2026

ЅВЕЗДИ ПОД ИСТО НЕБО

💛Со цел да се поттикне интеркултурна соработка, меѓусебна почит и хуманост помеѓу младите од различни етнички заедници и потребата да се подигне свеста кај учениците за важноста на прифаќањето, еднаквоста и почитувањето на различностите, како и за намалување на булингот и дискриминацијата кои сè почесто се појавуваат помеѓу младите, се јави проектот „Ѕвезди под исто небо“ со поддршка од мини менторот Теодора Проевска .

⛑️Тимот дојде до заклучок дека е потребна активност која на креативен, интересен и достапен начин ќе испрати порака за почит, еднаквост и заедништво. Така се роди идејата за изработка на „Ѕид на добри мисли“. Овој ѕид се постави во двете основни училишта во Ресен: ОУ „Гоце Делчев“ и ОУ „Мите Богоевски“, каде преку активности со учениците се поставија инспиративни пораки и мисли кои носат силна порака против булингот и дискриминацијата.

🗣️ Дополнително, тимот изработи QR-код кој води до презентација посветена на антибулинг тематиката. На учениците од прво до деветто одделение, за време на класните часови, им беше соопштено да ја погледнат презентацијата преку QR-кодот. На овој начин се овозможи секој ученик да се запознае со темата за булингот и значењето на меѓусебната почит и толеранција. Уште еднаш се докажа дека преку креативните активности, учениците имаат можност да размислуваат за значењето на добрите дела, убавиот збор и поддршката кон другите.

❤️Истовремено, тие беа охрабрени да бидат пример за позитивно однесување во својата околина. Благодариме за донациите од Железарија Виртекс virteks.

< врати се назад