мај 18, 2026

THE BRIGHT NIGHT

💛Тимот од мешан етнички состав „The Bright Night“ со мини менторот Теодора Беличовска,направи мултикултурна забава каде сите беа споени под ист кров преку музика, маски и забава, но истовремено обезбедија помош и поддршка на семејства на кои тоа им е најпотребно, и им овозможија на нивните деца да се дружат и забавуваат како полуматуранти.

❤️Тимот со помош на професорот Шенер Далиповски и дисеминаторот Марија Груевска изработи маски кои беа продажни на забавата. Настанот беше уште помагичен со голем број на музичари до кои искажуваме голема благодарност;

средношколките Викториа Ридо и Бејза Алиовска, наставничката Ариана Ајредини,

професорот Ташко Каранфиловски, Здраве музик бенд со Бојан Здравески, Дарко Здравески и Филип Гулевски, како и пејачот Даниел Мехмед кои направија прекрсана забава.

🎭Посебна благодарност и до кафе барот „Time“ за овозможување на истата. Волонтерите се погрижија за украсување на просторот, за собирање на потребниот материјал, читање текстови, организација и друго. Сите заедно успешно покажаа дека, без разлика кои се, музиката ги спојува. На забавата имаше маски, културна размена и доказ дека во мал град како нашиот постојат таленти што го надминуваат времето.

⛑️Од таа прекрасна забава се собраа доволно средства со кои им помогнавме на две загрозени семејства. Ова беше прекрасна авантура, исполнета со хуманост, забава, чест и задоволство.

Линк:
https://www.facebook.com/share/v/1XXWLj7juN/

< врати се назад