
јуни 12, 2026
Прва ПХВ обука
На ден 19.02.2026 се одржа првата ЦКА – ПХВ обука.
На почеток на обуката обраќање имаше секретарот, кој ја претстави работата и активностите на ООЦК-Ресен, а дисеминаторот Марија Груевска ги запозна младите со целите на програмата и обуката, хуманите вредности и важноста на заедничкото делување во заедницата и важноста да се направи промена.
Обуката помина во одлична атмосфера, многу ентузијазам, тимска работа и смеа. Младинците запознаа нови пријатели и беа мотивирани за работа.
Мини менторите во текот на целата обука беа помош и поддршка, мотивирајќи ги младинците. ![]()
Ресен може и продолжува! ![]()











































