јули 28, 2026

ПОМОШ И НЕГА ВО ДОМОТ

ОО Црвен крст Ресен, со задоволство ве информира дека во нашата Општина почнува со работа социјалната услуга -Помош и нега во домот.

Оваа услуга е директно учество во подобрувањето на животот на корисниците и негувањето на односи блиски како во семејството.

Постојана грижа и посета на старите лица во одреден период во нивниот дом од страна на стручен тим и сертифицирани негуватели.

Дополнителни услуги согласно потребите и состојбата на секој корисник

Услугата е за лица над 65 годишна возраст со намален функционален капацитет, лица со комбинирана попреченост,  хронично болни стари лица, слепи лица  кои ќе добиваат нега во домашни услови.

Овај проект на Црвен крст Ресен е во соработка со Општина Ресен, подржан од Светска банка и Министерство за социјална политика демографија и млади.

ПОМОШ И НЕГА НА СТАРИ ЛИЦА ВО ДОМОТ.
УСЛУГАТА ЗА КОРИСНИЦИТЕ Е БЕСПЛАТНА.

ПРИЈАВЕТЕ СЕ НАВРЕМЕНО ЗА КОРИСТЕЊЕ НА УСЛУГИТЕ.

Контактирајте со нас за тоа како да дојдете до услугата помош и нега во домот и за документите кои е потребно да ги обезбедите од матичните лекари.

047 452-575;   070 269-146;   078 842-609.

ЗАЕДНО СМЕ, СЕ ГРИЖИМЕ!!!

< врати се назад