
Основи на Прва Помош
Денес беше спроведена едукација за Основите на прва помош, со акцент на реанимација. За време на презентацииите, на учениците и дел од вработени им беа објаснети основните чекори на првата помош, како што се:
• Проценка на состојбата на повредениот
• Повик до професионална помош
• Грижа за повреден
• Помош при несвестици и други итни состојби
Покрај теоретскиот дел, учениците реализираа и многу успешни практични активности, при што демонстрираа:
• Поставување на повредениот во безбедносна положба
• Симулации на реални ситуации за укажување на прва помош.
Едукациите беа реализирани во Основните училишта ,,Димитар Влахов” – Љубојно, и ,,Славејко Арсов” – Подмочани.
Вкупно едуцирани ученици, околу 80 деца.
Едукациите беа реализирани од претседателот , едукаторот, и волонтер во ООЦК Ресен, Др. Кире Доновски.
Целта на едукациите беше развивање на свеста кај младите за значењето на солидарноста и помагањето на другите.











































