април 27, 2026

ОПШТИНСКИ НАТПРЕВАР ПО ПРВА ПОМОШ

📍Во просториите на СОУ Цар Самоил во Ресен се одржа Општински натпревар по прва помош, на кој учествуваа екипи од сите основни и средното училишта во градот.

⛑️Екипите, составени од по шест ученици, ги покажаа своите знаења и практични вештини каде што се соочија со различни симулирани повреди. Нивната работа беше внимателно следена и оценувана од страна на судии со големо искуство во областа на првата помош.

⛑️ Според постигнатите резултати и начинот на работа, може да се заклучи дека учесниците оваа година демонстрираа високо ниво на подготвеност, сигурност и тимска работа, со што уште еднаш ја истакнаа важноста на првата помош.

🥇Од 9-те пријавени екипи од категоријата младина од средното училиште, победник беше тимот бр.7 со освоени 110 поени.

🥇Од 5-те екипи од основните училишта победник беше екипата на ОУ ,,Гоце Делчев” Гоце Делчев Ресен со освоени 114 поени,

🥈 второ место екипата на ООУ ,,Славејко Арсов” Slavejko Arsov Resen од с.Подмочани со 97 поени и

🥉трето место ООУ ,,Димитар Влахов” од с.Љубојно со освоени 91 поен.

🎲Покрај натпреварувачкиот дел, беа поставени и пунктови со забавни активности и дисеминација за Црвениот Крст.

❤️Голема благодарност до сите ангажирани волонтери, СОУ Цар Самоил Ресен како и за пекара Boulevard Bakery кои беа спонзори на натпреварот и обезбедија оброк за 90 натпреварувачи.

< врати се назад