мај 14, 2026

ОДРЖАНА КОНСТИТУТИВНО-ИЗБОРНА СЕДНИЦА НА СОБРАНИЕТО НА ЦРВЕН КРСТ НА РСМ-ОПШТИНСКА ОРГАНИЗАЦИЈА РЕСЕН

🗓️На 14.05.2026 година, во просториите на Црвен крст Ресен, се одржа Конститутивно-изборна седница на Собранието на Црвен крст на РСМ – Општинска организација Ресен.

На седницата беа верификувани мандатите на 19 делегат во Собранието, кои активно учествуваа во работата и одлучувањето согласно статутарните одредби на организацијата.

Во спроведените избори, за претседател на ООЦК Ресен беше избран:

•Др.Кире Доновски, а потпретседател:

•Славица Б.Митрева.

Направен беше избор и на членови на Раководен одбор и финансова комисија.

Делегираните членови се по основ на работа, место на живеење и од Клубот на млади и истите се со мандатен период 2026-2030 година.

< врати се назад