
ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА НЕДЕЛАТА НА БОРБА ПРОТИВ СРЦЕВО-САДОВИ ЗАБОЛУВАЊА
Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Ресен, ја одбележува Неделата на борба против срцево-садови заболувања, која се реализира во периодот од 21 до 28 февруари 2026 година под мотото „Здрав живот, здраво срце“.
На 27 февруари 2026 година во просториите на општинската организација, од страна на наш волонтер Др.Кире Доновски беше реализирано едукативно предавање на оваа тема со кое поставени и одговорени беа повеќе прашања поврзани со кардиоваскуларните заболувања-што претставуваат кардиоваскуларните заболувања,срцев и мозочен удар, причини и последици од истото, симптоми и ризик фактори, причини и превенција…
Во рамки на активноста покрај едукацијата за сите присутни беше обезбедено бесплатно мерење на шеќер, притисок како и индивидуални разговори и совети.
Присутни на активноста беа членови на Преспанското здружение Јаболче-Здружение на лица со дијабет и останати граѓани.
Со ваквите активности Црвениот крст продолжува активно да придонесува во подигање на јавната свест за значењето на превенцијата и зачувувањето на здравјето, поттикнувајќи одговорен однос кон сопственото срцево здравје.![]()
![]()











































