
ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА НЕДЕЛА НА БОРБА ПРОТИВ РАК
ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА НЕДЕЛА НА БОРБА ПРОТИВ РАКОТ ПОД МОТОТО
,,ПРЕВЕНЦИЈАТА СПАСУВА ЖИВОТИ”![]()
На ден 11.03.2026 по повод одбележување на неделата на борба против ракот под мотото ,,Превенцијата спасува животи” Црвениот крст на Република Северна Македонија Општинска организација Ресен, реализира едукација пред група на слушатели.
Предавањето беше реализирано од Др.Ана Герасовска Јовковска, која ги запозна слушателите со ризик факторите,симптомите и значењето на навремена превенција.
Ракот е епидемија на нашето време или како што многу го нарекуваат болест на цивилизацијата.
Карциномите можат потенцијално да се спречат и ризикот од развој на ракот може да се намали со примена на превентивни мерки и промена на животни навики.
Советите кои беа дадени придонесуваат за подигање на свеста за здравјето.











































