
септември 13, 2026
Обука за дисеминатори и општа дисеминација
Во периодот од 11 до 13 септември, во Центарот Солферино во Струга, Дијана Секуловска и АнаМариа Георгиевска од Црвен Крст Ресен учествуваа на обука за дисеминатори за општа дисеминација и Меѓународното Движење на Црвениот Крст и Црвената Полумесечина.
Обуката беше можност за стекнување нови знаења и унапредување на вештините поврзани со ширењето на знаењата за принципите, вредностите и работата на Меѓународното Движење на Црвениот Крст и Црвената Полумесечина.













































