
април 22, 2026
Крводарителска акција
На 22.04.2026 година, во просториите на Свислион Агроплод – Ресен, Црвен Крст успешно реализираше крводарителска акција со поддршка на нашите волонтери.
Во акцијата учествуваа 38 крводарители, кои со својата хуманост и солидарност дадоа значаен придонес во спасување човечки животи.
Црвен крст упатува голема благодарност до сите крводарители и поддржувачи.
Биди нечија надеж денес – Дарувај крв











































