
март 23, 2026
КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА
Крводарителска акција – Ресен
На 23.03.2026 година, во просториите на Полициската Станица Ресен, Црвен Крст успешно реализираше крводарителска акција со поддршка на нашите волонтери.
Во акцијата учествуваа 38 крводарители, кои со својата хуманост и солидарност дадоа значаен придонес во спасување човечки животи.
Црвен крст упатува голема благодарност до сите крводарители и поддржувачи.
Дарувај крв – спаси нечиј живот.











































