септември 23, 2026

30 години ПХВ – 30 години хуманост, солидарност и човечност!

Во рамките на одбележување на 30 години ПХВ на локално ниво, на 23 септември беше реализиран настан во ОУ Гоце Делчев во Ресен и свечено одбележана Неделата на Промоција на хумани вредности.
Во присуство на волонтерите од годинешниот ПХВ циклус и пријатели на хуманоста, менторот Марија Груевска говореше на тема- три децении исполнети со солидарност, хуманост, волонтерство и несебична поддршка за оние на кои им е најпотребна помош.

ПХВ програмата низ годините изгради генерации млади луѓе кои преку својата посветеност и ангажман оставија трајни вредности во заедницата. Особено сме горди на успесите на младите волонтери од нашата општинска организација кои со своите активности, иницијативи и хуманост стануваат препознатлив белег во развојот на програмата. Оваа година два проекти од Ресен беа оценети со висока оцена-Сонце.

Воедно беа доделени благодарници за учество на реализаторите на малите проекти како и нивните ментори.

< врати се назад