
ЦРТАЊЕ НА ЅИДОВИТЕ ОД ДНЕВНИОТ ЦЕНТАР
Со помош на бои, четки и голема доза љубов, ѕидовите беа украсени со шарени, мотивирачки и весели цртежи. Еден од нив беше и големото фамилијарно дрво кое беше испишано со нашите имиња и имињата на лицата со посебни потреби – бидејќи ние станавме едно големо, среќно семејство. Ова не беше само декоративна интервенција, туку чин на блискост, почитување и човечка поврзаност.
Преку оваа активност, младите покажаа дека хуманоста не е збор, туку дело – и дека секоја промена започнува со добра волја и заедничка акција.
Најважниот дел беше кога децата од Дневниот центар се вклучија во помош на цртањето на прекрасните цртежи, што сите бевме среќни.

Средствата за боите и потребните материјали беа обезбедени преку наша пхв активност-продавање на храна во дневниот центар и дружење со посетители која се реализира на 9 мај.
Благодарност голема и до Марија Груевска која помогна околу цртањето и реализацијата на овај проект.



< врати се назад