
ЦКА – ПХВ 2025 (ОБУКИ)
Црвен Крст во Акција – Промоција на Хумани Вредности е програма на која што се вклучени младинци од нашата општина. Како потенцијални волонтери, тие се стекнуваат со вештини и знаење за како успешно да изработуваат мали проекти за добробит на заедницата.

Овогодинешниот ПХВ Циклус е предводен од страна на нашиот дисеминатор – Александра Фузевска, која е обучена конкретно за како успешно да се реализира целиот ПХВ циклус. За време на нејзината дводневна обука во Скопје, таа се стекна со знаење за начинот на функционирање на програмата, дисеминација и начинот на документирање на малите проекти.

После обуката за дисеминатори, Александра заедно со Клубот на Млади веднаш ги постави временските рамки за реализација на трите ПХВ обуки кои задолжително треба да ги поминат сите вклучени младинци од нашата општина.

Првата ПХВ обука траеше два часа. Младинците се запознаа меѓусебно преку низа на вежби-мразокршачи, ги поставија своите очекувања, а и дисеминаторот ги постави целите на обуката. Беа дел од вежби преку кои им беше извршена дисеминација (да се запознаат со најважните информации за постоењето и развитокот на Црвен Крст како организација).

Втората обука траеше четири часа. За време на оваа обука, младите вистински ги тестираа своите способности преку низа на вежби кои ги вадат од нивната „комфорт зона“. Како акцент, ја ставаме вежбата со јаже, каде што младинците работеа тимски за секој член да го премине јажето.

Третата обука траеше два часа. Младинците во овој дел се фокусираа повеќе за начинот на документирање, фазите на оценување, какви проекти треба да прават. Младинците се поделија во тимови кои ќе бидат координирани од страна на мини-ментори (членови и волонтери кои имаат предходно искуство во ЦКА-ПХВ програмата и ќе им помогнат во реализација на нивните идеи).

Целиот процес (од регрутација на волонтери, до реализација на трите обуки кои се клучни во ПХВ циклусот) беше успешен. Младите заминаа од овие обуки инспирирани, мотивирани и спремни за да може да се борат своите идеи да им станат реалност. Клубот на Млади при ООЦК Ресен им пружи целосна подршка во рамките на целиот циклус. Со нетрпение ги сичекуваме нивните проекти кои веруваме дека ќе направат позитивна промена во нашата заедница.
Од страна на ООЦК – Ресен, изразуваме благодарност до СОУ „Цар Самоил“ за отстапениот простор за реализација на обуките.
< врати се назад