
ЦКА-ПХВ 2025 – ОБУКА НА ДИСЕМИНАТОРИ
За време на викендот, во Скопје се одржа обука на нови Дисеминатори кои ќе ја водат програмата ЦКА-ПХВ (Црвен Крст во Акција – Промоција на Хумани Вредности) оваа година. За време на повеќедневната обука, младите се запознаа со основните информации кои треба да ги знаат во улога на Дисеминатори, добија насоки за претстојните обуки кои ќе се организираат во општинските организации, и се запознаа со своите ментори кои ќе им бидат “десна рака” во текот на целиот ПХВ циклус. Дисеминаторите се целосно опремени со материјали и имаат непосредна комуникација едни со други, што претставува клучен дел за постигнување успех во целокупната програма.

Очекувајте период исполнет со обуки организирани од страна на нашиот ПХВ-Дисеминатор, проекти кои ќе служат за добробит на заедницата и животот на луѓето и многу настани преку кои ќе се слави трудот на волонтерите и нивниот беспрекорен придонес во организацијата.
Доколку сакате да дознаете повеќе за ПХВ програмата, контактирајте не на нашите социјални медиуми.




< врати се назад