
јули 30, 2025
ТОПЛОТЕН БРАН 2025 (делење вода)
Нашите волонтери од Клубот на млади спроведоа акција со цел заштита на граѓаните од високите температури и топлотниот бран.
Делеа едукативни флаери со совети како да се заштитиме од жештините.



Распределуваа шишиња со вода на постари лица и минувачи, со цел да им помогнеме полесно да го пребродат топлиот ден.
Голема благодарност до сите волонтери за нивната енергија и посветеност!
Нашата мисија продолжува – заедно, се грижиме за здравјето и безбедноста на заедницата!




< врати се назад