
мај 26, 2025
СИМУЛАЦИСКА ВЕЖБА – ЕВАКУАЦИЈА ОД ПОЖАР
По веќе утврдено сценарио, беше организирана тактичко-показна вежба за “Eвакуација на ученици, повредени, персонал, во случај на пожар”.

Во реализацијата на оваа активност, свој активен придонес дадоа и волонтерите од Клуб на млади на ООЦК Ресен односно тимот за укажување на прва медицинска помош.

Тие симулираа спасување и евакуација на повредени лица.
Целта на вежбата е проверка на процедурите за евакуација во училиштето, вежбање на истите и пружање на прва помош во такви или слични ситуации.

< врати се назад