
ПРОШЕТКА СО МИЛЕНИЧИЊА – ПРОЕКТ ЦКА-ПХВ
Тим од ПХВ успешно одржа емотивен и значаен настан посветен на напуштените миленици.
За време на прошетката:
-Се поделија значајни пораки за грижата и љубовта кон миленичињата.
-Наградено секое милениче.
-Организирана фотосесија.
-Поделени ремчиња, подароци.
Голема благодарност за донираната храна на ветеринарот Перо Стојчевски и Нехру Сулејман за фотографиите од настанот. Храната им ја дадовме на бездомните миленици. Некои од нив добија и нови ремчиња, симбол на нашата грижа и внимание.
Тимот беше активно присутен на повеќе локации, нашите пораки ги споделивме со случајни минувачи низ градот, потсетувајќи ги на важноста на хуманоста и грижата за милениците.

„Благодарноста што ја почувствувавме од секој миленик беше бесценета.“ – велат младинците кои се учесници во ЦКА-ПХВ програмата.










< врати се назад