
ОПШТИНСКИ НАТПРЕВАР ПО ПРВА ПОМОШ
На ден 25.04.2025 година, во организација на Црвен крст Ресен беше одржан општински натпревар по прва медицинска помош за категорија подмладок и младина.

На натпреварот учество зедоа 4 екипи од подмладок и 8 екипи категорија-младина.
Во категоријата подмладок во конкуренција на основните училишта прво место освои екипата од ОУ Гоце Делчев од Ресен.
Второ место освои екипата од ОУ “Славејко Арсов” с. Подмочани
Трето место освои екипата од ОУ “Димитар Влахов” с. Љубојно

Во категоријата младина од 8 екипи од средното училиште во натпреварувачкиот дел, прво место освои екипата со број 4 во состав Дијана Секуловска, Џениса Шаќири, Наде Тасевска, Ева Нечовска, Матеј Гелмановски и Алекс Кускински.

Според нас во овој натпревар нема поразени екипи, а најголема придобивка е тоа што денес во салата во СОУ Цар самоил 75 младинци ги демонстрираа своите знаења од областа на првата помош, кое нешто можеби во даден момент некому ќе спаси живот.
Несреќите се случуваат секојдневно и насекаде: во домот, на улица, на училиште, на работно место, на игралиште, во природа…
Во таквите ситуации правилното укажување прва помош навистина може да значи живот или смрт, бидејќи без ваквата помош дури и малите повреди може да станат сериозни и фатални. Затоа, за да се обезбеди сигурноста на вработените и на учениците во училиштата, важно е едукацијата за правилно укажување прва помош да биде задолжителна во секое училиште.
Благодарност за сите учесници и за СОУ Цар самоил каде се одржа натпреварот.

< врати се назад