ноември 14, 2024

Обука за поттикнување на крводарителство

Младинскиот координатор заедно со член од Координативно тело учевствуваа на работилница за поттикнување на крводарителството главно кај младите.

Покрај дарувањето крв, се запознавме и со важноста на психолошката подготовка и поддршка за време на дарувањето. Колку е важна улогата на нас како волонтери, како и историјатот на дарувањето низ годините и сега.

На работилницата, беа запознаени со бенефитите на дарувањето крв, потребит за нашата држава како и начинот на спроведување на една крводарителска акција. Своите позитивни искуства ги споделија со останатите волонтери при ООЦК Ресен, а во следниот период ќе бидат одржани и врснички едукации на темата.

< врати се назад