
NIGHT TO SHINE – матурска вечер
Фондацијата Tim Tebow е непрофитна организација основана од поранешниот професионален фудбалер и спортски радиодифузер Тим Тебоу. Фондацијата се фокусира на помагање на луѓе на кои им е потребна помош, особено на децата, преку различни програми насочени кон поддршка на ранливите категории.

Волонтерите од Клубот на Млади при ООЦК Ресен беа дел од настанот организиран преку Tim Tebow фондацијата, наречена Night to Shine. Night to Shine е матурски настан организиран за лица со посебни потреби. Настанот се одржува за да им овозможи искуство на „матурска вечер“. Првиот настан Night to Shine се одржа во 2015 година и оттогаш прерасна во глобална прослава.

Организирани беа низа на активности кои ја направија вечерта посебна:
-Пристигнување на црвениот тепих: Секој гостин поминува на црвениот тепих, каде што се бодрени од страна на волонтери.
-Церемонија на крунисување: Секој гостин е крунисан за крал или кралица на матурската вечер, со посебна церемонија на која се слави нивната важност.
-Танцување и прослава: Настанот вклучува музика, танцување и други активности, создавајќи весела атмосфера.
Night to Shine се одржува истата вечер на различни локации низ светот со илјадници волонтери и учесници.






На Клубот на Млади ни причинува огромно задоволство што имавме прилика да ја почувствуваме магијата на овој настан.
< врати се назад