
НЕДЕЛА НА ХИГИЕНИЗАЦИЈА
По повод неделата на хигиенизација, под мотото,,Хигиената-лична обврска за колективно здравје” на ден 11.04.2025 година Црвен Крст на Република Северна Македонија Општинска Организација Ресен, реализира две едукативни работилници во ЈОУГД 11 Септември во Ресен.

Едукациите беа реализирани во двете детски градинки и опфатени околу 60 слушатели од големите групи.

На овие предавања учениците беа запознати со тоа што е хигиената, зошто се практикува, како со одржувањето на хигиена спречуваме и намалуваме ширење на бактериски вирусни инфекции, сезонски грип и настинка. Заеднички беше дискутирано за тоа што е лична хигиена, зошто миењето раце, одржување на домашна хигиена и хигиена на храна е доста важно.

Учениците беа доста активни поставувајќи прашања на кои добиваа одговор. Едукациите беа реализиранио од Александра Фузевска и Емира Ахмедовска.




< врати се назад