
МОДНА РЕВИЈА (ПХВ ПРОЕКТ)
На 16.04.2025 година се оддржа „Модна ревија“ – од страна на интеркултурната група „Срце без граници“ која започна со инспиративен говор на дисеминаторот и лидер на проектот – Александра Фузевска, која со силна порака за хуманост, заедништво и ангажман го отвори настанот.

Оваа ревија е дел од ПХВ иницијативата на Црвен крст – „Црвен Крст во Акција – Промоција на Хумани Вредности“, каде младите гласно зборуваат за различностите,обединувањето и заедништвото.


Специјална благодарност до девојките Ивона, Јована, Марија, Леонора и Јована, кои заедно со својот мини-ментор Флора посветено работеа два месеца за сѐ да изгледа совршено.
Благодарност до нашата секретар Наташа Веловска за поддршката и довербата, директорот на Домот на културата, г-дин Васко Василески за обезбедениот простор, и до Наум Думовски кој со своите фотографии и видеа ќе ја овековечи оваа вечер.
Благодариме и на сите родители кои постојано беа поддршка на нашите учеснички.

< врати се назад