
Кочани, 17.03.2025
Веќе втор ден како течат активностите на Црвениот крст за поддршка за настраданите во пожарот во Кочани. Црвениот крст продолжува и понатаму со сите механизми за хуманитарна помош за настраданите граѓани и нивните семејства со нудење на прва психолошка поддршка, прва помош, транспорт и материјална поддршка преку ангажирани 120 лица од редот на вработените и волонтерите.
Во интензивна комуникација со релевантните институции се следи ситуацијата и се прават проценки на потреби за хуманитарен одговор.
На пунктовите на Црвениот крст пред болниците во Скопје, Штип и Кочани, граѓаните може да добијат дополнителни информации за нивно сместување, освежување, храна, прва помош и прва психолошка помош.
Информации за помош може да се добијат со контакт на (+389) 71 341 985.