
јули 1, 2025
ГРАНТ ЗА РАЗВОЈ НА НОВИ СОЦИЈАЛНИ УСЛУГИ
Заедно со министерот за социјална политика, демографија и млади Фатмир Лимани потпишан беше договор за грант за развој на нови социјални услуги.
Проектот е подржан од Светска Банка, Општинската организација Црвен Крст Ресен и Општина Ресен.
Преку имплементацијата на овој проект ќе се овозможи со воспоставување на услугите:
●Помош и нега во домот
●Дневни центри за стари лица
●Центри за лица со попреченост.
Преку овој проект со обучени лица ќе се реализираат услугите кои ги нуди истиот.
