ноември 14, 2024

Европски ден на борба против трговија со луѓе

Едукации

На 18 октомври ООЦК Ресен, преку свои волонтери по повод денот на борба против трговија со луѓе, одржа едукација на истата тема во основните училишта Славејко Арсов во с.Подмочани и Димитар Влахов во с.Љубојно.

Едукациите беа одржани од страна на наши волонтери Оливера Темелковска, Кети Гелмановска и Фиола Мемети. Слушателите беа запознати со трговијата со луѓе и значењето на овој социјален проблем на денешницата,процесот на трговија, видови на трговија со луѓе, препознавање и излез од ваквиот начин на трговија како и заштита на лицата.

Во текот на едукациите опфатени беа вкупно околу 55 слушатели.

Да се запознаеме на време со ваквите теми, затоа што може да спасиме нечиј живот!

< врати се назад