
Дисеминација – ОУ „Мите Богоевски“
По иницијатива на членови од Клубот на Млади при ООЦК Ресен, беа организирани низа на дисеминациски работилници во ОУ „Мите Богоевски“. Учениците од деветто одделение имаа прилика да слушнат повеќе детали за нашата организација (што е Црвен Крст, која е нашата визија, која е нашата визија, кои се главните сегменти на Црвен Крст, што претставува Клубот на Млади, какви активности организираме, како можат да се вклучат на тие организирани настани). Дополнително, имаа прилика да се запознаат со волонтери кои го споделија своето искуство и причините зошто се дел од тимот на Црвен Крст.
Благодарност до ОУ „Мите Богоевски“ за нивната соработка при организација на овие дисеминациски работилници.



< врати се назад