
АЛЕКСАНДРА ФУЗЕВСКА – ПХВ ДИСЕМИНАТОР
Во овогодинешниот ПХВ – циклус, како ПХВ дисеминатор е назначена Александра Фузевска.
Клубот на Млади при ООЦК Ресен, побара нејзин став за тоа како го измина периодот последните неколку месеци.
„Оваа година имав чест и одговорност да бидам Дисеминатор во рамки на ЦКА-ПХВ проектот – искуство што ќе го паметам долго. Да се биде дел од тим кој ги шири хуманите вредности и мотивира млади луѓе да се активираат во своите заедници не е само обврска, туку вистинска инспирација.
Работев со фантастични групи на млади луѓе – меѓу нас се спријателивме, си помагавме како вистински тим и заедно се соочувавме со сите предизвици што се појавуваа на патот. И да, ги имаше – но со поддршка, посветеност и заедничка волја, успеавме!
Како Дисеминатор, мојата улога беше да ги пренесам клучните пораки и цели на ЦКА-ПХВ програмата, да ги поттикнам младите на размислување, акција и позитивна промена. Заедно создадовме средина полна со идеи, солидарност и вистински младински дух.
Искрена благодарност до секретарката на ООЦК Ресен Наташа Веловска која ми ја даде оваа можност и ме избра токму мене за оваа улога. Се надевам дека е задоволна од мојата работа и од сè што заеднички постигнавме.
Горда сум што бев дел од процес кој не само што ја зајакнува младинската иницијатива, туку и ја поттикнува емпатијата, меѓусебната поддршка и волонтерството како начин на живот.
Ова искуство ме научи колку е важно да се верува во младите – кога ќе им се даде простор, можат да направат големи и значајни нешта.“
Александра Фузевска
Дисеминатор – ЦКА-ПХВ проект
Општинска Организација на Црвен крст Ресен
< врати се назад