
АЈДЕ ДА ДЕБАТИРАМЕ – работилница
Клубот на Млади при ООЦК Ресен по втор пат организира интензивна работилница на тема – дебатирање. Работилницата беше одржана од страна на обучено лице за врснички едукации – Менче Јовановска. Учесниците првично се запознаа со основниот поим “дебата”, разговараа за основните техники, правила и видови на дебати.

Исто така, младите беа дел од многу интерактивни вежби преку кои тие требаше да ги изразат своите вештини кои се важни за еден успешен дебатер (комуникациски вештини, говорот на тело, јавно говорење, тимска работа и критичко размислување). Вежбите се применуваат за младите да излезат од својата комфорт зона, да почнат да размислуваат од повеќе аспекти и да ги комбинираат сите свои знаења за да може да го докажат ставот во кој цврсто веруваат.

Почетокот на работилницата започна со дискусии на општи теми (секојдневни електронски уреди, училиште, дружба меѓу младите), а заврши со симулација на дебата каде што младите беа поделени во тимови и дебатираа на теми кои се клучни за опстанокот на Клубот на Млади (Дали лидерот е важен дел од Клубот на Млади; Дали младите имаат придонес од учество на нашите активности; Важноста на тимскиот дух меѓу младите итн.).

Честитки до сите учесници на оваа работилница, очекуваме своите стекнати вештини да продолжат да ги усовршуваат и да ги користат за позитивен придонес во нашата заедница.




< врати се назад