
март 4, 2025
80 ГОДИНИ – НИЕ ГЛЕДАМЕ ЛУЃЕ
На 3-ти март, ООЦК – Ресен ја прослави 80 годишнината на Црвениот крст, 80 години хумана работа, јубилеј одбележан под мотото „Ние гледаме луѓе“.

Црвен крст на Република Северна Македонија, славеше осум децении постоење, работа, активности. Акцент беше ставен на соработката со Локалната Самоуправа, која секогаш во овие долги години работа, несебично ја покажуваа својата поддршка нанашите активности. Со таа цел, беше доделено јубилејно признание на Општина Ресен.

Настанот беше одржан во просториите на Општина Ресен, пред гости подржувачи, соработници, волонтери, членови на организацијата.

Благодарност до сите гости и учесници на настанот. Уште многу години да славиме!








