
јули 30, 2025
100% ЦРВЕН КРСТ – Летен Младински Камп






Нашите волонтери Александра и Јована беа дел од Националниот младински камп во Струга!
Кампот беше исполнет со разговорни сесии, забава, дружење, но и многу повеќе од тоа. Се презентираа иновативни идеи и младински проекти, насочени кон подобрување на заедницта и јакнење на младинската улога во општеството. Особено важен дел беше и целиот ден посветен на менталното здравје, што покажа колку оваа тема е клучна за младите денес.
А што после кампот?Александра и Јована ќе ги споделат своите искуства и знаења со Клубот на млади, и ќе работаат на реализација на нови активности и проекти кои произлегоја од оваа незаборавна дружба.
< врати се назад